Спорт

Џаровски: Мондијалот е сомнителен милион проценти!

Нашиот Велибор Џаровски – Џаро, познат како крал на местење на фудбалските натпревари, изјави дека ждрепката за Светското првенство во Бразил несомнено е наместена.

–          Во најлесната група се Швјацарија, бидејќи претседателот на ФИФА е Швајцарецот Сеп Блатер, како и Франција, бидејќи претседателот на УЕФА е Французинот Мишел Платини. Дали ислите дека тоа е случајно? Не, не е. Ждрепката е милон проценти наместена – изјави Џаровски за новинарската агенција Андолија.

На прашањето на новинарите како е можно да се намести ждрепка на толку високо ниво, односно како може да тврди такво нешто без чврсти докази, контроверзниот Џаровски одговори:

–          Какво ти е тоа прашање? Ништо полесно! Едното топче ќе биде малку потопло од другите, и ете ти… или некое ќе биде малку потешко, и тоа е тоа… Знам како функционира тоа, бидејќи многу пати го имам местено ждребот за Купот на Македонија, за да може мојот Вардар да добие послаб противник. Ако веќе вие мене ме прашувате како можам такво нешто да тврдам, ве прашувам и јас вас зошто нашите балкански репрезентации кој ќе играат на Светското првенство, Босна и Херцеговина и Хрватска не се во полесни групи? Јасно, затоа што ние немаме лоби и свои лидери во УЕФА и ФИФА – убеден е Џаровски.

–          Се може да се намести. Па зошто не и натпреварите на Светското првенство?

Write A Comment