Роџер Федерер очигледно полека го подготвува теренот за повлекување. Тој заедно со својот агент , Тони Годсик основал агенција за претставување на спортисти.
Компанијата ќе се вика “Тим 8” (Team8).
Она што е посебно интересно е дека агенцијата Тим8 веќе доби еден сериозен клиент, и тоа не е Роџер Федерер. Се работи за Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, а од први јануари 2014. година агенцијата ќе започне соработка со Григор Димитров.
“Ние се обидуваме да направиме бутик агенција која ќе се грижи за малиот број на стабилни и големи спортисти. Се обидуваме да направиме добра селекција. Некои други агенции се обидуваат да донесат што повеќе играчи и се надеваат дека некои од нив ќе останат и ќе успеат. Ние нема да го правиме тоа”, рече Годсик, додавајќи дека Федерер повторно експериментира со нови рекети.
Минатата година во текот на летото го направи истото, па претрпе неколку шокантни порази и се врати на својот стар Вилсон.
