Спорт

Бекам судел пенал против синот, па го расплакал

Необично, но професионално – Дејвид Бекам прифатил да биде судија не еден детски натпревар во кој учествувал и неговиот син Ромео, кој дури и на некој начин бил казнет од негова страна.

Ромео Бекам наслинички стартувал над противникот, што за Дејвид било знак дека треба да суди пенал за тој тим.

Малиот Ромео го погледнал чудно, се расплакал, но потоа ги стегнал забите и продолжил со играта.

Бекам по натпреварот признал дека Ромео не сакал да зборува со него два дена.

“Тоа беше добро училиште за него. Мора да научи дека нема секогаш да биде по негово”, рекол Девид Бекам.

Write A Comment