Шведските новинари ме прашаа кој е подобар играч Лота Селин или јас, мислев дека се шегуваат, рекол фудбалерот…
Шведскиот фудбалски интернационалец и член на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ смета дека фудбалерите во Шведска заслужуваат поголеми награди од своите колешки.
Андерс Свенсон, кој игра на средината на теренот, неграден е со автомобил од марката Волво за соборување на рекордот во бројот од 143 натпревари кој ги одиграл за репрезентацијата.
Истовремено, на свеченоста на Фудбалската федерација на Шведска, Тереза Сјегран не го добила истото признание, иако одиграла 187 натпревари за репрезентацијата, што довело до полемики.
“Со сета почит за фантастичниот успех на жените, не можете да ги споредувате жените и мажите во фудбалот”, рекол Ибрахимовиќ.
Тој нагласил дека според неговото мислење, жените треба да бидат наградувани пропорционално со финансиите кои ги создаваат.
