За детето да биде здраво и правилно да се развива, може да се каже дека најважена е исхраната. Сo користење на здравата храна и внесување природни состојки е гаранција дека детето правилно ќе се развива и ќе биде имуно на различни болести. Разновидната храна подготвена дома која е богата со витамини и со минерали, треба да биде застапена речиси во секој оброк. Поделени се три типа плодови, кои треба да ги земете во предвид:
- Мешунки
Мешункастите растенија спаѓаат во групата производи кои треба да бидат застапени повеќепати во неделата. Благодарение на витамините и на минералите кои ги содржат, не дозволуваат кај децата да се развијат тумори, го балансираат шеќерот во крвта, ја намалуваат можноста од екстремно дебелеење и ја олеснуваат работата на цревата. Доколку детето одбива да јаде грашок, грав, леќа или друго мешункасто растение, тогаш родителите треба да се обидат на поинвентивен начин да го натераат детето да јаде, со различни несекојдневни декорации или со вметнување на мешунките во нивното омилено јадење.
- Овошје
Нутриционистите велат дека ниту еден ден не смее да помине, а во исхраната на детето да не бидат застапени барем три различни вида овошје. Најдобро е да се консумира сезонското овошје бидејќи овошките се полни со витамини, минерали и со антиоксиданти. Доколку детето не сака да јаде овошје, може од неколку овошки да се прави сок, но без додавање вештачки засладувачи.
- Зеленчук
Зеленчукот е извор на енергија, која му е неопходна на детето во неговиот раст и развој. Витамините А, Б, Ц, Е како и минералите ги има во секој зеленчук. Затоа ниту еден оброк не смее да помине без свеж зеленчук. Најдобро е детето зеленчукот да го јаде свеж бидејќи на тој начин се задржуваат сите здрави состојки, но може да биде и обарен.
