Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни Кристијано Роналдо со три фудбалски натпревари суспензија поради директен црвен картон добиен за време на натпреварот против Атлетик Билбао.
Роналдо во текот на споменатиот натпревар направил прекршок над противничкиот играч Карлос Гурпеги.
На најдобриот фудбалер во светот оваа казна му беше изречена на неговиот 29-роденден.
