Серијата на голови ја отвори Тарабт, кој успеа да се запише во листата на стрелците. Резултатот го израмни Илнер, а Игуаин со головите во 56. и 82.минута му ја донесе победата на Наполи.
На овој меч во центартот на вниманието беше и напаѓачот на Милан, Марио Балотели, кој откако беше повлечен од играта во 73.минута започна да плаче и воошто не се обиде да ги сокрие солзите. Тој плачеше поради расистичките навреди што му ги упатија навивачите на Наполи.
Горан Пандев целиот натпревар го гледаше од резервната клупа.
