Керозин

Нови дополнувања за старото BMW x3

BMW во верзијата xDrive20d за првпат понуди нов 2.0 литарски турбо дизел мотор кој произведува 190 коњски сили и развива 400Nm. Тој е посилен од претходникот, а според податоците ќе забрзува од 0-100 за 8,1 секунди.

BMW ќе понуди и економичен модел sDrive18d, со заден погон кој ќе доаѓа со гуми со низок коефициент на отпор. Оваа верзија под хаубата ќе го има 2.0 литарскиот турбо дизел агрегат со 150 коњски сили и 360Nm, а во комбиниран циклус ќе троши 5 литри на 100 километри.

Во зависност од пазарите новиот BMW X3 ќе биде достапен со четири дизел и три бензински мотори, се до најсилната верзија xDrive35i која има 3.0 литарски 6-цилиндарски мотор со што испорачува 313 коњски сили.

Дебито на овој модел ќе биде на саемот во Женева, по кој ќе стартува продажбата.

Редизајнот го опфати и задниот дел на автомобилот, а разликите се забележуваат и во изгледот на ретровизорите, тркалата, како бројните козметички детали кои ќе го доближат до моделите како X5 и Series 4.

New-2013-BMW-X3-Side-View-Photo-1024x637

Write A Comment