Лондон – Напаѓачот на Ливерпул Днијел Стариџ му пријде на голманот на Арсенал Лукас Фабијански и му ги заврза врвките во финишот на мечот од осмина финалето на англискиот ФА куп.
Стариџ се одлучил на овој чекор бидејќи сакал да има што помалку паузи, бидејќи Ливерпул губел со 2:1. Голманот на Арсенал прво требало да ги извади ракавиците, а потоа да ги заврзе врвките.
На крајот Арсенал победил со 2:1, а овој потез ги воодушевил навивачите на двата тима.
http://www.youtube.com/watch?v=dtNthJMUocI
