Последните 40 години направени се бројни истражувања и дојдено е до сознаение дека сигурносните услови на патиштата многу се подобрени, а на намалениот број смртни случаи влијаат и безбедносните појаси, воздушните перничиња и автоматските системи за безбедност во модерните возила.
И покрај тоа бројот на смртоносни сообраќајни несреќи во светот се уште е висок. Меѓу земјите во црвената зона се африканските земји, а во зелената зона доминираат оние европските.
Експертите на Универзитетот во Мичиген направиле споредба со мапите за смртност од заболување од рак, каде ситуацијата е сосема спротивна. Африканските држави имаат мал број вакви случаи, за разлика од развиените европски земји каде има висока смртност од оваа болест.

