Prison brake

Шокирачка трансформација: од 118 кг, сега има 47 кг

Кога Фредерискон за прв пат се појавила во шоуто кое трае околу четири месеци тежела 118 килограми, но на мерењето во финалето таа ја шокираше јавноста кога вагата покажа дека сега тежи 47 килограми. Благодарение на тоа, таа ја освои наградата од 250.000 долари, но се соочи со жестоки критики од јавноста. Американската јавност реагираше, особено упатувајќи критики до организаторите, затоа што дозволиле Фредериксон да се претвори во скелет. Со оглед на тоа што таа е висока 162 сантиметри, губењето на толкав број килограми направи Рејчел да изгледа непрепознатливо.

Дури и тренерите кои се задолжени за здравјето и режимот на натпреварувачите не можеа да поверуваат на трансформацијата. Според американските медиуми, Фредериксон во паузата помеѓу завршувањето на режимот подготвен од тимот, до финалното појавување, изгубила уште некој килограм, па затоа и тренерите биле шокирани.

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=LrTah_CXO9Q

Write A Comment