Дело е на дизајнерот Стефан Клајн, а покрај тоа што може да се вози по патиштата, може и да лета над нив.
Тој веќе 20 години работи на идејата, а во моментот прави тестови за верзијата 2.5, додека моделот 3.0 веќе е во подготовка и се наоѓа во фаза на проектни цртежи.
Масата на празниот автомобил изнесува околу 500 килограми, а предвидено е да може да полета со двајца возрасни патници. За погон го користи авионскиот мотор Rotax со 100 коњски сили, кој на пат ги придвижува предните тркала на автомобилот, а кога се користи како авион, силата се пренесува на пропелерот поставен позади.
До сега имаше неколку обиди да се конструира летачки автомобил и комерцијално да се пласира на пазарот, но тоа се уште никому не му успеа. Ќе видиме дали овој Aeromobil од Словачка ќе има поинаква среќа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ow6ybXBF9AU
