“Тојота” во Детроит ја претстави FT-1 , првата студија на купе моделот кој воедно ни наговестува и правецот на дизајнот на своите идни спортски автомобили.
По примерот на 2000GT
FT-1 Е спортско купе дизајнирано како студија која го претставува сето она што може да се оствари доколку дизајнот на спортскиот автомобил ги прати желбите на купувачите за извонредно возбудливо возење.
FT-1 однадвор зрачи со тркачка снага. Нагласените заоблени линии дополнително го привлекуваат вниманието и укажуваат на вонсериски перформанси остварени со идеална дистрибуција на тежината, во задните тркала и оптимална аеродинамичност.



