Спорт

Билд: Состојбата на Шумахер подобрена, наскоро заминува на клиника за рехабилитација?

Дојде до подобрување во процесот на опоравување на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, изјави во четвртокот германскиот дневен весник Билд…

Ова го потврди и менаџерката на Шумахер Сабина Кем:

-Повторувам уште еднаш: постојат знаци кои не охрабруваат.

Кем ги отфрли гласините дека Шумахер не се наоѓа во фаза на опоравување, туку во вегетативна состојба. Но, не е спорно дека повредите на мозокот се толку озбилни, што сеуште може да дојде до компликации.

Таа ги демантираше и гласините на дел од англиските медиуми за тоа дека сопругата на Шумахер Корина до семејната вила во Швајцарија гради мала клиника во која ќе биде сместен легендарниот возач.

-Гласините дека Корина го преуредува семејниот дом и дека гради дом за Михаел, кој е наводно во безнадежна состојба, се целосно неосновани – изјави Кем.

Но, Билд тврди дека Шумахер накоро би можел да ја напушти болницата во Гренобл, во која лежи во кома од 29 декември. Наводно, 45-годишниот Германец би можел да се пресели во рехабилитациона клиника, но за сега не е познато каде.

 

Write A Comment