Спорт

Антиќ двоцифрен, а Атланта победник!

Антиќ беше еден од петмината кошаркари на Атланта кои мечот го завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен со 25 поени беше Џеф Тиг, додека Пол Милсап имаше двоен ефект од 17 поени и 11 скокови.

Кошаркарите на Атланта направија голем чекор кон освојување на осмата позиција на Истокот и пласман во плеј офот, откако во Индијанаполис ја декласираа Индијана со 107:88.

Атланта во финишот на сезоната има ефект од 34 победи и 42 порази.

Индијана само ја потврди лошата форма, Пејсерси имаат само три победи на последните 10 натпревари и со скорот од 53 победи и 25 порази тие се наоѓаат на второто место во Источната конференција.

 

Write A Comment