Motherhood

Подобрете ја хармонијата во бракот!

Се случува модернизмот и брзото време да не одалечат со човекот кој сме биле сигурни дека сакаме да го поминеме цел живот.

Затоа добро е да му укажете дека не знае да ја комбинира облеката, но ако нон-стоп му трубите „Ах, не знаеш да се облекуваш“, тоа не влегува во категоријата добронамерни критики. Добро е да му потскажете дека треба да намали со плескавиците ако сака здраво срце, но сигурно нема да биде среќен да чуе: „Прекини да јадеш само мрсно, си се направил како свиња“.

Претчувствувате дека крие нешто од вас и веднаш го фаќате неговиот мобилен за да му ги проверите повиците или се обидувате да ја погодите лозинката на неговиот e-mail. Тоа е голема грешка. Шпионирањето ја убива довербата во бракот. Ако секогаш кога тој се однесува малку посомнително вие започнувате со сомнежи дека ве изневерува или крие нешто сериозно од вас, тоа значи дека немате доверба во него. Шпионирањето донекаде е оправдано кога навистина постои објективна причина да се сомневате. Во таков случај, разговарајте со блиска доверлива пријателка која ќе ви помогне да размислувате потрезвено. И во совршениот брак лесно може да дојде до жестока расправија. Но, никогаш не треба да користите закани како „Ако не го промениш ова кај себе, ќе те напуштам“. Никогаш не се заканувајте со тоа дека ќе се разведете од него.

Имате мала расправија и наместо да останете да го решите проблемот, вие веднаш трчате кај неговата мајка или кај вашата сестра за поддршка. Не барајте сојузник надвор од бракот. Сигурно вашиот сопруг нема да биде воодушевен кога неговата мајка ќе започне да му држи лекции како да се однесува. Брачните проблеми со кои се соочувате се ваши и најчесто треба да останат само меѓу вас.

Write A Comment