Еден од најважните совети за вашето дете е тоа да изгради правилен однос спрема исхраната и да знае зошто јаде и што добива со тоа што го внесува преку исхраната. Така, образованието на децата во исхраната треба да содржи три главни цели:
- Давање на неопходни совети со кои ќе се избегне неправилната исхрана.
- Овозможување на децата да изградат однос кон исхраната кој ќе ги претпочита вкусовите на оние продукти што се корисни за здравјето.
- Давање слобода на децата во изборот на храната.
- Образованието во исхраната треба да го следи и образованието на сетилото за вкус, поради тоа што токму афективноста поврзана со свеста за одреден вкус ја претставува основата на ставот кон одредени прехранбени продукти.
- Според сознанијата од истражувањата, доенчето не само што го препознава вкусот на она што го има во устата, туку тоа препознавање истовремено е проследено и со емотивна оцена која се движи од пријатно до непријатно.
- Значи афективниот резонансот “кујната на моето детство” има безспорно ефективни и дегустативни последици кои ја условуваат неопходната поврзаност на исхраната во детството и изграденото сетило за вкус кај возрасниот човек.
- Така можеме да заклучиме дека исхраната има еднакво важна улога во образованието како и училиштето.
- Правилната исхрана е основа на физичката и психичката рамнотежа.
