Motherhood

Што ако пушите пред вашите деца?

Одамна постои мислењето дека децата чии родители пушат, имаат поголем број на респираторни нарушувања, односно поинтезивно задишување, отежнато дишење, појава на пневмонија. Се досега не постоеше доказ за тоа дали функцијата на белите дробови е нарушена и кај деца на родители кои пушат, но кај кои не е регистрирана појава на респираторни или белодробни нарушувања.

Студијата е спроведена на деца на возраст помеѓу 4 и 12 години, без било каква предходна историја на нарушувања било на белите дробови, било на дишните патишта. Децата биле поделени на четири групи, според пушачките навики на нивните родители:
– Непушачи
– Родители кои пушеле по раѓањето на детето но не во текот на бременоста
– Родители кои пушеле во тек на бременоста но не и по раѓањето на бебето
– Родители кои пушеле и пред и после раѓањето на детето.

Истражувачите дошле до заклучок, дека децата на родителите пушачи, имаат значително нарушена функција на белите дробови, слична како кај самите пушачи. Пушењето по раѓањето на детето се чини дека е поштетно, отколку пушењето само во тек на бременоста.

Write A Comment