Motherhood

Ова се работи кои мажот сака да ги знаете!

Жените веруваат во некои работи, додека мажите мислат спротивно на тоа. Ако сакате да го задоволите партнерот, ова треба да го знаете.

Пиjаната жена не предизвикува возбуда.
Кога човек има извесно количество алкохол во крвта, суштината му добива различни димензии. Точно е дека ако сакаш да се зближите со некого, мора да го познаваш во сите негови состојби, да си свесен со неговите слабостите), но повеќето мажи сакаат да создадат впечаток за дамата повеќе на чаша вода, отколку на водка.

Многу шминка не привлекува внимание.
Барем не на позитивен начин. На телевизија и на интернет шминката се проповеда како најдобар пријател на жената. Човек би помислил дека недостатокот на шминка на нечие лице не е лошо. Природната убавина се уште е предмет на култ. Прашајте случаен маж на улица – повеќето од нив би рекле дека преферираат жена без шминка.

Жените никогаш нема да го сфатат значењето на спортот.
За време на фудбалски натпревар сакате да го исклучите телевизорот точно кога некој од тимовите врши напад? Ако животот ви е мил, не се ни обидувајте. Спортот го крева адреналинот на мажите на начин кој ретко е карактеристичен и за жените.

Секс под туш не е добра идеја.
Некои велат дека ниту е лесно, ниту е и толку пријатно, колку што си мислиме. Комбинацијата вода-сапун создава и предуслови за инциденти … затоа кревет или која и да е друга хоризонтална површина дома и надвор од него се препорачува.

Најчесто недостатокот на расположение се поврзува со циклусот.
Универзалниот одговор на прашањето “зошто девојка ти се лути?” – “Зошто е во циклус.” Не дека не се обидуваат да го разберат страдањето низ кое поминуваме во тоа време на месецот, но и не се чувствуваат должни да се виновни за секое нешто што не дразни. Ако за момент се ставиме на нивно место, можеби ќе го преиспитаме своето однесување спрема нив.

Убавата жена останува убава.
Без разлика дали мажите се обврзани, жената која поседува квалитети на божица, не може да биде лесно запоставена. Може да им се измолкне случајно некој таен поглед, но тоа не значи изневерување. Девојки, та нели и ние постојано несвесно гледаме по познати актери и убави мажи, иако си имаме сериозен партнер?

 

Write A Comment