Мојата кујна

Ролат со марципан

Овој традиционален германски колач, настанал во Дрезден во 1329 година и оттогаш е неизоставен дел од божиќната трпеза. Богат е со разни врсти кандирано овошје и мек и вкусен марципан.

Потребно е:

375 гр брашно

50 гр шеќер

прстофат сол

1 лажичка квасец

150 мл млеко

110 гр путер

1 јајце

200 гр суво овошје (брусница, суво грозје, кајсии)

малку кора од портокал и лимон

50 гр секани бадеми

200 гр марципан

малку рум или екстракт од ванила

 

Подготовка:

Квасецот растопете го во топлото млеко и заедно со просеаното брашно, сол, шеќер, јајце, растопен путер и коричките замесете меко место. Покријте го со крпа и оставете го да се подигне 1 час. Кога ќе го зголеми волуменот, додадете го сувото овошје и размесете го во тестото.

Од него направете правоаголна форма со димензии 25×20 см. Од марципанот направете колбас и ставете ја на средина на тестото. Завиткајте го тестото и оставете го да отстои уште 45 минути, на топло.

Печете го колачот во рерна загреана на 190 Целзиусови степени, околу 30 минути. Кога ќе биде печен, обилно посипете го со шеќер во прав.

Write A Comment