ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 60 мл. маслиново масло
* 1 лажичка оригано
* 2 лажици копар ситно сецкан
* 2 парчиња млад кромид
* 350 гр. фета сирење
* 60 мл. сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изронете го фета сирењето, а кромидот и копарот ситно исецкајте ги. Во блендер додадете го сирењето, кромидот, копарот и ориганото и блендирајте додека не се поврзат состојките. Додадете го маслиновото масло и лимоновиот сок и продолжете со блендирање додека не се изедначи. Префрлете го сосот во чинија и послужете со потпечени парчиња леб или чипс.
