Подгответе мед од борови иглички и ублажете ги непријатните симптоми на настинка и бронхијална астма. Оваа медицинска мешавина е многу ефикасна за исфрлување на секретот.
Боровите иглички успешно се користат за подобро исфрлување на секретот, против пулмонални пореметувања, а особено против настинки и бронхијална астма.
Соберете еден килограм помлади борови иглички, добро измијте ги и наредете ги врз сува салфетка да се исцадат.
Наредете ги збиено во поголема стаклена тегла и ставете шеќер на секој ред. Додадете еден килограм шеќер на килограм иглички.
Затворете ја теглата со целофан и оставете ја да отстои пет до шест недели.
Иглите за тоа време ќе пуштат многу леплив сок.
Процадете го медот и ставете го во чиста стаклена тегла,а потоа употребувајте го како обичен мед.
