Пробајте ги розовите коцки – колачи со нежен вкус што ве потсетува на љубовта при првиот залак!
Лесни и слатки колачи што ќе сакате да ги направите неколку пати оваа пролет и лето – розови коцки.
Автентичноста на овој деликатес е во специфичниот вкус на брусницата, која е комбинирана со кремаста бела чоколада и кокос.
Рецепт за розови коцки
Состојки:
- 400 гр бело веганско чоколадо
- 320 гр кондензирано кокосово млеко
- ½ чаши сушена брусница
- прстофат органско цвекло во прав за поубава боја, по желба
Подготовка:
Растопете го чоколадото, а потоа додадете го кокосовото млеко. Изматете ја смесата и додадете прав од цвекло. Мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ја брусницата и промешајте уште еднаш. Поставете хартија за печење на мала тепсија или калап. Истурете ја смесата во садот за печење и ставете ја во замрзнувачот да отстои 2 до 4 часа. Исечете ги колачите на коцки и сервирајте.
