Модните трендови кои се наметнуваат во последните години се спротивност на правилата за облекување кои некогаш строго се почитувале.
Ако и понатаму ги следите деветте застарени модни заповеди, модните експерти ќе ви се смеат.
1. Златен и сребрен накит не смее да се меша
Во минатото било знак за лош вкус, но денес оваа комбинација е една од најпопуларните. Стилистите велат дека бојата не е важна, туку дека треба да се искомбинира сличен стил на парчиња накит и да ги искомбинирате со остатокот од стајлингот.
2. Не можеш да комбинираш повеќе од три бои во еден стајлинг
Мешање на разлилни текстури, бои и дезени од синоним за лош вкус се претвори во супермодерен. Денеска во мода е храброста!
3. Широката облека им стои само на слаби и високи луѓе
Апсолутно неточно. Постои само еден трик- баланс. Ако не сте високи и слаби, едно парче широка облека треба да со искомбинирате со тесно и едноставно парче.
4. Дамите секогаш изгледаат поженствено на потпетици
На женственоста влијаат повеќе работи- начинот на одење, држењето, самодовербата и облеката, па дури потоа обувките. Можете да изгледате женствено во рамни сандали, дури и во патики.
5. Полиестерот изгледа евтино
Облеката од најпопуларните брендови се прави од синтетички материјали.
6. Црната боја ве прави да изгледате постаро
Ова можеби е највкоренетиот моден мит. Кога црно парче внимателно ќе се одбере и искомбинира, може да изгледате послабо, поатрактивно и поубаво, никако постаро.
7. Чантите од вистинска кожа изгледаат поубаво
Повеќето дизајнери се ориентирани кон вештачка кожа, а таа е прв избор и за многу дами. Денеска речиси и да не постои разлика во изгледот помеѓу вистинската и вештачката кожа.
8. Светлуцавите парчиња се само за навечер
Овие парчиња изгледаат одлично и во дневни варијанти, само треба да се искомбинраат убаво, со едноставни парчиња.
9. Работите кои не сте ги носеле неколку години треба да ги фрлите
Не, ако се во прашање вечните парчиња кои секогаш можат да поминат.
