Prison brake

Вршел измами за да ги издржи четирите сопруги

Најголемите светски измами

Златна треска

Најголемата измама во историјата на рударството е измамата на Филипинецот Мајкл Де Гузман.

Гузман беше Филипински геолог кој не успеа да добие работа во голема компанија и имаше големи финансиски проблеми, бидејќи во исто време имаше и четири сопруги. Гузман започна соработна со Џон Фелдерхоф, американски геолог.

Тој во 1993 година изјави дека има пронајдено злато во Индонезија, во џунглата на островот Борнео. Наоѓалиштето Бусанг се наоѓа длабоко во џунглите на Борнео, во близина на вулкан и од геолошки аспек, изгледаше многу веројатно.

Тој со пила стругаше злато од своите прстени во земјата која беше дадена за понатамошно испитување.

Фелдерхоф ги спои Гузман со Џон Велш, сопственик на една мала канадска компанија Bre-X. Велш му одобри буџет на Гузман за дополнителни истражувања и наоѓалиштето почна да расте – 57 тони злато во 1993 година, 850 тони во 1995 година и конечно 1.950 тони на злато во 1997 година.

За да ја реализира својата измама Гузман почна да купува злато од Индонезија за што потроши над 60.000 $ за лажирање на примероци.

Тој успеа да ги измами и независните ревизори. Веста за златото во џунглите во Борнео, го привлече вниманието на инвеститорите.

Bre-X беше мала компанија чии акции котираа на берза во Алберта, Канада, но акциите многу набрзо се најдоа и на берзата во Торонто и на американскиот пазар NASDAQ. Цената на акциите многу брзо растеше и вредноста на компанијата достигна 4,4 милијарди долари. Велш, Фелдерхоф и Гузман ги продадоа своите акции за 100 милиони долари.

Наоѓалиштето Бусанг во Индонезија стана познат како најголемо наоѓалиште на злато во светот, а започнаа гласини дека златните резерви изнесува неверојатни 5.500 тони злато. Успехот на компанијата го привлече вниманието на големите рударски компании и на индонезиската влада.

Индонезиски владата ја принуди Bre-Х компанијата да го прифати партнерството со компанијата Фрепорт-МекМоРан. Претседателот на Индонезија во договорот ги вклучи и својата ќерка и синот како “консултанти”.

Во февруари 1997 година договорот помеѓу Bre-X и индонезиската влада беше склучен и компанијата доби право за експлоатирање на 45% од рудникот во наредните 30 години. Кога американската компанија Фрепорт-МекМоРан започна истражување во Бусанг и не најде злато, Гизман беше поканет во Индонезија за да ги објасни своите наоди.

Измамата беше откриена на 19 март 1997 година кога Гузман се самоуби, скокајќи од хелихоптерот во кој се возеше кон наоѓалиштето. Осум дена подоцна, Американците објавија дека во Бусанг нема злато. Компанијата пропадна, а Велш и Фелдерхоф избегаа од Канада. Илјадници луѓе останаа без пари.

Две години подоцна, Велш починана од срцев удар на Бахамите и до самиот крај тврдеше дека е жртва на измама. Фелдерхоф избега на Кајмански Острови и сеуште е на слобода.

Во март 2005 година Националниот пост објави напис во кој се тврди дека Грузман го лажирал своето самоубиство.Неговото тело беше изобличено поради падот, но и унакажено од дивите животни, па дури и на неговото семејството не му беше дозволено да го види.

Во Индонезија, воопшто не е тешко да се најде труп од мртовец, а дополнително се зголеми и сомневањето за смртта на Гузман бидејќи една од неговите жени добиваше месечен паричен надомест. На инвеститорот никогаш не му се најде трага, а не беше ниту поднесена официјална тужба.

Write A Comment