Prison brake

Слики од обдукција на вонземјанин по падот на летачката чинија во Розвел

На 5 мај 1995 година, Реј Сантил, лондонскиот филмски продуцент, во јавноста за прв пат ги покажа фотографиите од “обдукација на вонземјанин”. Телото на вонземјанинот било пронајдено откако НЛО се урна во Розвел во 1947 година. Фотографиите за една секунда го заобиколија целиот свет.

Патолозите пројавија интерес за техниката со која биле извршена обдукцијата. Сепак, наскоро беше откриено дека сето тоа е измама. На ѕидот на просторијата во која наводно била направена обдукцијата, се наоѓал знак за предупредување кој всушност не постоел се до 1967 година, односно две децении од наводниот настан.

Write A Comment