Централната разузнавачка агенција (или скратено ЦИА) е државна разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави која одговара пред Директорот на државната разузнавачка служба, а одговорна е за обезбедување на државната разузнавачка безбедност на надредените политичари на САД. Формирањето на ЦИА произлезе од Уредот за стратешки услуги за време на Втората Светска војна со цел да ги координира шпионските активности кај непријателите. На 18 септември 1947 година со државниот Акт за безбедност се формираше ЦИА која немаше полициски и правни овластувања во земјата и странство, но една година подоцна надлежностите беа зголемени и вклучуваа саботажа, анти-саботажа и мерки за евакуација, подршка и помош на подземните групи за резистенција, герилските и групите на бегалци и подршка на државните анти-комунистички елементи во загрозените земји во слободниот свет.
Главната мисија на ЦИА е: “Ние сме првата одбрамбена линија на нацијата. Ние сме овде за да го постигнеме она што другите не можат и да одиме онаму каде што другите не можат“.

Основаната визија на оваа огранизација: “Една агенција. Една заедница. Агенција која функционира како еден тим, целосно интегрирана во заедницата“.
Една од строго доверливите информации која што се држи во тајност е вкупниот годишен буџет на агенцијата. Иако, во една несакана објава Мери Маргарет Греaм, поранешен официјален и заменик директор на државната разузнавачка служба во 2005 година изјави дека годишниот буџет е 44 милјарди долари.
ЦИА е поделена на четири основни компоненти: Национална тајна служба, Управа за разузнавање, Дирекција за наука и технологија и Дирекцијата за поддршка.

Директорот на Централната разузнавачка агенција е номиниран од страна на Претседателот во согласност со Сенатот. Денес на функцијата Директор на ЦИА е Дејвид Патерсон, Заменик директор Мајкл Морел, Заменик директор. Главното седиште на Агенцијата се наоѓа во Лангли САД.
