Комитетот за државна безбедност на Русија (или скратено КГБ) претставуваше агенција за државна безбедност на Советскиот Сојуз и истовремено највисока организација за внатрешна безбедност, разузнавање и тајна полиција. Формирана на 13 март 1954 година, а функционираше се до 1991 година. Денешната Агенција за државна безбедност на Република Белорусија го користи истото име – КГБ. Инаку, голем дел од архивите на КГБ се доверливи.
КГБ беше организиран во директорати. Некои од најважните директорати беа:
Прв директорат (надворешни работи) -надворешна шпионажа.
Втор директорат -контра-разузнавање и внатрешна политичка контрола.

Трет директорат (вооружени сили)- воено разузнавање и политичко набљудување на воените сили.
Четвртиот директорат се занимаваше со безбедноста на транспортот за Советскиот Сојуз.
Петтиот директорат се занимаваше со цензура на уметничките, политичките и религиозните опасности, а подоцна ( во 1989 година) беше наменет да го штити уставот.
Шестиот директорат се занимаваше со економско разузнавање и безбедност на индустријата.
Седмиот директорат се занимаваше со набљудување на националистите и странците.
Осмиот директорат се занимаваше со следење и управување на комуникацијата по воден пат.
Деветтиот директорат беше задолжен за обезбедување на високите претставници на КГБ и Советскиот Сојуз.

Петнаесеттиот директорат беше задолжен за обезбедување на владата и нејзините институции.
Шеснаесеттиот директорат – следење на комуникациите и управување на телеграфскиот и телефонскиот систем на владата.
Директоратот за гранична безбедност.
Директорат за активности и технологија.
КГБ беше распуштена поради учеството на Генерал-полковникот Владимир Криучков, во обидот за државен удар во август 1991 година, чија цел беше да го соборат Михаил Горбачов. Тој користел значителни ресурси на КГБ за поддршка на државниот удар. Криучков беше уапсен, а на 23 август 1991 година беше назначен Вадим Бакатин чиј што мандат беше да ја расформира КГБ до 6 ноември 1991 година. Иако организацијата што ја “наследи“ КГБ, Федералната служба за безбедност функционира на многу сличен начин како КГБ.
