Ha-Mossad le-Modiin ule-Tafkidim Meyuhadim (Хебрејскиот јазик: המוסד למודיעין ולתפקידים מיוחדים) односно Институт за разузнавање и специјални задачи претставува израелска разузнавачка агенција, или позната како Мосад. Одговорна е за известување, собирање на информации, откривање на тајни акција (вклучувајќи ги и паравоени активности и атентати) и анти-тероризмот. Мосад е фокусирана на арапските земји и на организациите од целиот свет.
Мосад е формирана во декември 1949 година како “Централен институт за координација”, по препорака на Рувен Шилаоха на тогашниот Премиер на Израел, Давид Бен-Гурион. Шилаоха сакаше да се формира централно тело што ќе ја координираа и ќе ја подобри соработката меѓу постоечките безбедносни служби – Воениот разузнавачки оддел, Службата за безбедност и “Политичкиот оддел” на Министерството за надворешни работи. Во март 1951 година е реорганизира и создаден дел во канцеларијата на премиерот кој директно одговара на Премиерот. Денес бројот на вработени во Мосад се проценува на околу 1.200.
Оригиналното мото на Мосад: Betahbulot Ta’ase Lekha Milkhama односно “Со мудар сојуз ќе можеш да водиш војна, а во големиот број на советници е безбедноста“, но неодамна го променија во мотото во: Be-ein Tahbulot Yipol Am; Uteshua Berov Yoetz, односно “Таму каде што нема совет, луѓе паѓаат, но во големиот број на советници е безбедност”.
Седиштето на Мосад се наоѓа во Тел Авив и го сочинува неколку оддела:
Одделот за собирање на информации е најголемиот и е одговорен за шпионските операции.

Оддел за политички акции и врски реализира политички активности и одржува пријателски контакти со странските разузнавачки служби и со земјите со кои Израел нема нормални дипломатски односи.
Оддел за специјални операции врши атентат, саботажи и паравоени проекти.
ЛАП оддел е одговорен за психолошка војна, пропаганда и измами.
Одделот за истражување е одговорен за известување.
Одделот за технологија е одговорен за развој на технологијата и за поддршка на операциите на Мосад.
Во моментот директор на Мосад е Тамир Пардо.
