Дизајнерската куќа Марчеса ја претставу својата најнова пролетна колекција, која ја карактеризираат венчаници со нежни и романтични дезени.
Невестинските фустани на пролетната колекција на Марчеса зрачат со елеганција и женствени детали, а се направени од врвни материјали како лелеава свила, деликатно изработена тантела и прекрасна чипка.
Колекцијата нуди широк избор на креации, па секоја невеста ќе може да се пронајде во неа без разлика на нејзиниот стил и контури.







