Спориот метаболизам е проблем на речиси секоја трета личност. Предизвикува надуеност, мачнина, болки во стомакот, а овие луѓе имаат проблем и со својата тежина. Па најчесто од нив слушаме дека буквално што и да изедат се “лепи” за нив.
За да си помогнете одберете ја вистинската храна. Храна која ќе го забрза вашиот метаболизам:
Бадеми – богати се со незасите масни киселини, протеини и влакна
Јаболки – досржат многу малку калории, богати се со влакна и ја регулираат работата на цревата
Зелен чај – богат е со антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот
Грејпфрут – богат е со влакна кои исто така го регулира системот за варење на храната
Спанаќ – богат е со антиоксиданси, магнезиум, калиум, витамин Ц и го забрзува метаболизмот
Јогурт – богат е со протеини, пробиотик кој моќно се справува со мрзеливиот стомак
