Најголемите градби на светот
Највисоката зграда
Дубаи денес претставува изложба на неверојатни градби. Најголемата зграда во светот Бурџ Дубаи, која е висока 828 метри е отворена во 2010 година. Оваа кула била започната да се гради од страна на државна компанија, но кога таа објавила дека не може да ги исплати долговите веднаш се јавил претседателот на UAE, шеикот Халифа бин Зајед ал Нахјан кој помогнал со 10 милијарди долари. Зградата веднаш била преименувана во Бурџ Халифа. Инаку бурџ на арапски значи кула.
