Најголемите градби во светот
Ако базенот на кров е одраз на богатсво, тогаш базенот во Рич Карлтон во Хонг Конг е еталон за раскош. Тој се наоѓа на врвот на зградата на висина од 480 метри. Покрај базенот има лед екран на кој се прикажуваат корални гребени, па додека посетителите уживаат во водата уживаат во погледот на екраните, но и во погледот од “стаклените ѕидови” кои отворено го нудат погледот на цел Хонг Конг.
