Највисоките градби во светот
Највисокото минаре
Минарето на џамијата Хасан II во Казабланка, со 210 метри, е највисока зграда во Мароко и највисоко минаре во светот. Во текот на ноќта ласерите кои се поставени на минаерто го покажуваат патот кон Мека. Џамијата собира 25.000 верници, па уште 80.000 може да влезат во дворот. Половина од џамија била изградена на плато над Атлантскиот Океан и дел од подот е направен од стакло, па верниците кога се молат можат да го видат морето под себе.
