Многумина од нас веруваат дека ако се хранат здраво, воедно јадат нискокалорична храна.
Не се лажете, еве на што треба да внимавате:
Суво грозје – тоа е суперздрава храна, но не е и без калори. Во една кесичка има преку 130 калории, што значи подобро е да изедете една порција свежо грозје.
Темна чоколада – вистина е дека таа е поздрава од обичната, но тоа не значи дека има помалце калории. Во 100 гр темна чоколада може да има и 600 калории, затоа не претерувајте, јадете по еден ред а остатокот оставете го за утре.
Маслиново масло – само со две лажици од маслиновото масло вие ќе си го збогатите оброкот со 238 калории. Со сите маснотии треба да бидете претпазливи, па и со маслиновото масло исто така.
Сувото овошје – сувото овошје и јаткастите плодови се навистина здрави, но во само една шолјичка суво овошје и бадеми може да содржи до 700 калории, затоа јадете со мерка.
Лосос – тоа е исклучително здрава риба, но не дека е и без калории. Едно филе во порсек има 700 калории, па кога сето тоа убаво ќе го зачините може да добиете оброк од 1000 калории.
