Црешите во овој период од годината ги има насекаде, па затоа искористете ги да направите освежителен коктел.
Потребни состојки за 4 пијалоци:
1 чаша замрзнати или свежи цреши
Листови од свежно нане
8 мали лажици шеќер
Половина од мала шолја рум
Половина од мала шолја сок од зелен лимон или исцеден
Обична или кисела вода по желба
Подготовка:
Поделете ги црешите, нане листовите и шеќерот во 4 ниски чаши. Смешајте ги сите заедно до дрвена лажица. Додадете го румот и сокот од зелен лимон. Наполнете ги чашите со мраз и по желба малку обична вода или кисела вода. Украсете со неколку листови нане.

