Британското кралско семејство објавила конкурс за возач. Минималниот услов е да поседувате возачка дозвола на Велика Британија.
Покрај вообичаените побарувања, од кандидатот сеочекува да има тимски дух, да биде комуникативен, мотивиран и посветен на работата. Што се однесува за компјутерските вештини доволно е да знае да пишува и да прима мејлови.
Иако кралските работодавачи не биле премногу строги во барања, кандидатите со искуство како професионални шофери ќе имаат предност.
Со почетна годишна плата од 30.000 фунти и 48 часовна работна недела шоферот ќе има можност да го вози кралското семејсто и нивните гости.
