10 приказни за луѓе кои за влакно ја избегнаа смртта
Во јануари 2003 година, 27 годишниот Кенет Џонс од Манчестер тргнал сам на планинарење по планината Фагарас во Централна Романија, кога огромна лавина паднала на карпите кои се наоѓале на 23 метри под него. Со скршена нога и повреда на главата, Кенет не можел нормално да оди па морал да се влече по снегот барајќи го спасот.
За 4 дена успеал да помине 10 километри, до најблиското село Сумерна каде температурата изнесувала -15 степени. Штом го здогледал првиот човек, како се влече по снегот му излегол во пресрет и му помогнал носејќи го во болница. Во болницата установиле дека имал тешки премрзнувања, скршени коски по целото тело и воопшто се чуделе што останал жив.
