Prison brake

10 Авионски нереќи кои ја сменија историјата и иднината на авијацијата! – X дел

1983 година, Синсинати, лет AIR CANADA 797

Подобрувања: Додадени сензори за чад во купатилата

Првите знаци на проблеми на AIR CANADA 797, на DC-9 авионот кој леташе на 33.000 стапки од Далас до Торонто, бил чад од купатилото во опашката на авионот. Наскоро, густ црн чад започна да се шири во кабината и пилотите започнаа принудно да се спуштаат кон најблискиот аеродром. Со минимална видливост на таблата со инструменти, поради густината на чадот, пилотите успеаа да слетат во Синсинати. Но, за многу кратко време откако вратите за итни случаи беа отворени, во кабината избувна пожар пред да успеат да излезат сите патници. Од вкупно 46 патници, 23 починаа.

Федералните Воздухопловни Власти издадоа наредба во сите авиони да се вградат детектори за чад и автоматски противпожарни апарати. Во период од пет години, во сите авиони беа вградени како задолжителна опрема и беа поставени светла на подот кои водат до излезите на авионите. Сите авиони произведени после 1988 година се прават со поотпорни материјали во нивната внатрешноста.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Ict2n5WZkew&

httpv://www.youtube.com/watch?v=0S9PCti_Mvg&

httpv://www.youtube.com/watch?v=O5I1_4qNknA&

httpv://www.youtube.com/watch?v=3tNt_3S6fmQ&

Write A Comment