Prison brake

10 Најпознати затвори во светот! Брррр:)

Затвор е местото каде властите во една земја ги чуваат криминалците одделени од останотокот од општеството. Криминалци се луѓето кои го кршат законот и му пркосат на политичкиот режим во една земја. Овие затвори уште од античко време заземаат важно место во историјата.

Кралевите ги чувале криминалците во затворите се додека не им дојде денот за бесење или денот кога ќе им биде изречена соодветната казна. Денес, властите ги чуваат криминалците во затвор додека да си ја отслужат казната затвор или додека сеуште чекаат да им биде изречена истата. Многу познати личности биле гости на овие познати затвори, како на пример Нелсон Мендела и Џон МекКејн. Затворите не биле дом само на злосторници, туку и на робови.

Многу затвори се познати по бегствата од нив, по варварското третирање на затворениците и по суровиот однос меѓу криминалците. Некои од тие затвори денес се туристички атракции. На оваа листа се наоѓаат 10-те најноторни затвори во целиот свет.

Лондонската Кула, Лондон

Кулата е многу познат затвор, каде биле чувани доста познати личности како Томас Мор, Ен Болејн, кралот Хенри VI, Рудолф Хес и Кетрин Ховард – жената на кралот Хенри VI. Денес, оваа кула не е повеќе затвор, туку дом на кралската круна, со статус на најопседнатата градба во цела Англија.

Алкатраз, Калифорнија, САД

Алкатраз бил познат воен и федерален затвор кој моментално е позната туристичка атракција. Алкатраз бил првиот затвор со максимална бездедност и минимални привилегии во САД. Затворот е познат и под името „Карпата“, а така се вика и филмот посветен на затворот со Николас Кејџ во главната улога.

Шато делф затворот, Франција

Затворот се спомнува и во книгата на Александар Дима – „Грофот од Монте Кристо“ а бил познато збиралиште на политички и религиозни престапници. Побогатите затвореници добивале подобар третман од посиромашните. Инаку, овој затвор е најпознат во цела Франција.

Робен Ајланд, Јужна Африка

Во овој затвор престојувал и познатиот Нелсон Мендела. Денес, локацијата е приспособена за место кое е посетено од безброј туристи.

Туол Сленг Геноцид затворот, Камбоџа

Еден од најстрашните затвори во светот, каде повеќе од 17.000 луѓе биле измачувани и обезглавени во текот на режимот на Руж. И овој затвор е претворен во историски музеј со цел да се запомнат делата и суровоста на режимот на Кмер Руж.

Гори Ајланд, Сенегал

Најпрво затвор за робови, а потоа робовите ги праќале да служат во други земји. Денес, затворот е музеј кој им служи како место за аџилак на многу Афро-американци кои си ги бараат своите дамнешни корени.

Елмина замокот, Гана

Затворениците биле робови кои подоцна се испраќале да робуваат по светот. Во собите каде се чувале повеќе од 200 затвореници, немало доволно место ни да се легне. Историските извори велат дека, сè на сè, таму се чувале околу 30.000 робови кои биле продадени на други земји.

Ханои Хилтон, Ханои

Во овој затвор се чувале Виетнамските отпадници кои ѝ се спротивставиле на француската власт. Познати личности како сенаторот Џон МекКејн и Џејмс Стокдејл лежеле во затворот како воени затвореници.

Хотел Четири годишни времиња (затворот Султанахмет), Истанбул

Затворот е изграден за интелектуални отпадници и писатели кои биле против Отоманското царство. Моментално затворот е хотел со пет ѕвезди.

Ѓаволскиот остров, Француска Гвајана

Еден од најпознатите затвори каде престојувале закоравени и политички криминалци кои биле чувани за време на режимот на Наполеон III. Многу затвореници планирале бегство, но попусто. Затворот е многу добро опишан во филмот „Papillon“ со Дастин Хофман во главната улога.

Напиши коментар