Prison brake

10- те најгрозоморни убијци

7. Денис Рејдер, роден 1945 година

Денис е американски сериски убиец кој убил најмалку 10 луѓе во државата Канзас во периодот од 1974 до 1991 година. Бил познат и под името БТК убиец, а тоа се изицијали за неговите методи при убиствата – Ослепи, измачи и убиј.

Денис своите жртви ги опишувал како проекти, а едно време и ги изедначувал своите жртви со животни кои морал да ги усмрти за да им помогне да не страдаат. Со себе сегогаш си носел куферче со потребните алатки за убиствата: пиштоли, лисици, лепак, јаже и сл. Си носел и посебна облека. Жртвите ги врзувал, ги мачел, па ги убивал. Понекогаш ги давел додека не се онесвестеле, и кога повторно ќе станеле свесни, пак ги давел. Тоа го правел неколку пати, оставајќи ги жртвите да искусат предсмртни моменти, а тој сексуално се возбудувал при глетката. Пред смртта ејакулирал, најчесто во долната облека на жртвите.

Познат е бидејќи често им праќал писма на полицијата и на медиумите со своите иницијали и во нив ги опишувал убиствата, како во нив наоѓал задоволство и како жртвите се мачеле и молеле побрзо да ги усмрти.

Откако иницијалите биле дешифрирани и бил фатен од полицијата, Денис бил осуден на доживотна казна, која и ден-денес ја служи.

 

8. Џон Хај, роден 1909 година

Овој сериски убиец од Англија кој убивал во 40-тите години од претходниот век е познат и под името „Убиецот со када киселини“.  Бил осуден за шест убиства, но тој самиот признал вкупно девет. Телата ги ставал во сулфурна киселина, а пред тоа ги фалсификувал нивните документи со цел да ги продаде нивните имоти и да заработи големи суми пари. Бил осуден со форензички докази и убиен на бесилка во 1949 година.

Жртвите ги фаќал и ги удирал додека не се онесвестеле. Ги барал луѓето со големи имоти или со пари. Откако ќе ја средел документацијата, ги ставал телата во када и турал сулфурна киселина. По два дена телото се претворало во тиња, па тој само ги фрлал остатоците на некои оддалечени места.

Родителите на еден богаташ почнале интензивно да го бараат синот, а Џон им кажал дека заминал да служи војска. Откако и по неколку месеци никаде го немало исчезнатиот син и родителите почнале посериозно да го бараат, Џон ги убил и нив. За среќа, полицијата многу брзо му влегла во трага и бил притворен, па осуден.

Напиши коментар