Prison brake

10 – те најгрозоморни убијци- III дел

5. Андреј Чикатило, роден 1936 година

Андреј е украински сериски убиец, со надимак „Месарот од Ростов“. Осуден е за 53 убиства помеѓу 1978 и 1990 година. Жртвите му се главно деца и жени. Кога се обидел да ја силува првата жртва која имала само 9 години, таа му се спротивставила, па тој почнал да ја боде со нож и да ејакулира во процесот на бодење. Оттогаш успевал сексуално да се возбуди при бодењето на деца и жени до смрт.

Жртвите најчесто ги демнел на постојки и во автобуси, а потоа ги намамувал децата со играчки и слатки и ги убивал. Возрасните жени најчесто биле курви или проститутки кои се лажеле за малку пари или алкохол. Андреј прво се обидувал да има секс со жртвите, но откако не успевал да добие ерекција, во напад на бес ги убивал.

Убиствата ги правел со паузи. Еден период масовно убивал, а потоа се смирувал и некој период никаде го немало. Конечно бил фатен кога се обидувал да му пријде на едно дете кое било набљудувано од полицијата. За време на судењето го чувале во кафез насред судницата, бидејќи однесувањето му било опасно за околината, а роднините на жртвите гласно викале и се заканувале.

Бил осуден на смрт и убиен со стрелање на 14-ти Февруари 1994 година.

6. Јоаким Крол, роден 1933 година

Крол е германски сериски убиец и канибал.  Бил осуден за осум убиства, но самиот признал дека е виновен за вкупно 13.

Уапсен е во 1976 година за киднапирање и убивање едно 4-годишно девојче по име Мерион Кетер. Еден сосед на Кетер имал проблем со одводот и ја викнал полицијата која го пребарала станот на Кетер и го пронашла телото на девојчето исечено на парчиња. Некои делови од телото биле во фрижидерот, раката се готвела, а цревата биле заглавени во одводот.

Крол признал дека често си готвел делови од неговите жртви, а тоа го правел за да заштеди на пари во маркетите. Додека бил во притвор верувал дека ќе му се направи операција која ќе го ослободи од убиствените инстинкти и дека ќе биде пуштен на слобода. Во 1982 година му биле доделени девет доживотни казни и тоа за осумте убиства и за едно во обид. Умрел од срцев удар во 1991 година во еден затвор, во близина на градот Бон.

 

Напиши коментар