Prison brake

10 – те најгрозоморни убијци – V дел

9. Јавед Икбал, роден 1956 година

Јавед бил сериски убиец од Пајџаб, Пакистан. Изјавил дека убил околу 100 момчиња во период од 18 месеци. Уапсен е во 1998 година поради сексуална злоупотреба на две деца за пари. Излегол од затвор со кауција и тогаш почнал интензивно да убива. Јавед ги наоѓал жртвите на улица, ги намамувал, а потоа ги дрогирал, ги силувал, па ги убивал. Телата ги сечел на делови, па ги ставал во сулфурна киселина. Кога сето тоа ќе се претворело во нечиста течност, остатоците ги фрлал во канализацијата, а потоа и во најблиската река. Облеката од жрвтите ја сочувувал, а после 50-тата жртва почнал и да ги слика убиените.

Никој не го забележал исчезнувањето на децата. Икбал изјавил дека да сакал можел да убие 500 деца . Гордо изјавил: „ Јас сум Јавед Икбал, убиец на 100 деца… го мразам овој свет, не се срамам од моите дела и спремен сум да умрам. Не се каам. Убив 100 деца“.

Во едно писмо напишал дека сексуално злоупотребил 100 деца, а потоа ги убил. Сите детаљи од убиствата биле запишани во дневникот на Јавед.

Бил осуден на смтр до бесење, иако судијата изјавил дека би сакал Јавед да биде убиен 100 пати, исечен на 100 парчиња и ставен во сулфурна киселина. Пред да биде извршена казната, бил најден задавен во неговата ќелија во 2001 година. Се смета дека се самоубил.

10. Тед Банди, роден 1946 година

Тед е еден од најпознатите сериски убијци во историјата на Америка. Силувал и убил голем број на млади жени во периодот од 1974 до 1978 година. На крај признал дека извршил 30 убиства. Бил и некрофиличар.

Потенцијалните жртви ги наоѓал на јави места и на разни начини се здобивал со нивната самодоверба. Понекаогаш глумел повреда, а понекогаш се преправал дека е полицаец. Имало и случаи кога се претставувал како некоја позната личност. Откако ќе ја намемел жртвата во автомобил, ја удирал по главата и ја носел на местото каде го довршувал злостроството. Скоро пред секое силување пиел алкохол.

Тед признал дека ги обезглавувал жртвите со бонсек, а неколку глави биле пронајдени во неговиот дом кога бил уапсен. Тед признал и дека често ги посетувал мртвите тела на жртвите. Си лежел до нив, ги шминкал, па дури имал и секс со нив, се додека смрдеата не го принудела да си замине од местото.

На судењето Тед побарал самиот да се брани. Сепак, судијата му доделил казна електричен стол и Тед бил убиен на 1989 година. Последните зборови му биле: „Сакам да им ја пренесете мојата љубов на моето семејство и на моите пријатели“.

Напиши коментар