Керозин

Acura Tl

Acura TL ќе имплементира неколку промени кои значително ќе го освежат моделот за 2012 година. Овој врвен седан се нуди како основен модел и SH-AWD модел (за Супер управливост на сите тркала), но и двата со V6 мотор. Основноит модел е со погон на предните тркала и е опремен со 280 коњски сили сместени во 3.5-литарски мотор.

SH-AWD користи 3.7-литарски V6 со 305-коњски сили и исто така добива спортска суспензија. Стандардно за сите TLS верзии е 6-брзински автоматски менувач. 6-брзински мануелен менувач се нуди само на SH-AWD модели опремени со опционален пакет. Сигурносните карактеристики вклучуваат ABS, контрола на повлекување, систем против пролизгување, странични воздушни завеси и предни воздушни перничиња. Стандардните карактеристики вклучуваат кожен тапацир со греење на предните седишта, сончев покрив и безжичен уред за мобилни телефони. Технолошкиот пакет, кој е со цена како посебен додаток, вклучува систем за навигација кој го прикажува актуелниот сообраќај со индикација на временски услови и врвен аудио систем. Современиот пакет, повторно со цена како посебен модел, вклучува индикатор за мртов агол, вентилирани предни седишта и поголеми тркала (18 инчни кај основниот модел и 19-инчни кај SH-AWD моделот).

Напиши коментар