Керозин

American Simplex Model D-50

Иако овој автомобил не бил вклучен во првата Инди 500 трка во 1911 година, сепак бил изграден како тркачки автомобил и никогаш не бил завршен од страна на фабриката. American Simplex започнала со производство во 1904 година. Производството на моделот D-50 започнало во 1908-та година.

Тркачи со шасија како што има овој промерок се натпреварувале во Инди 500 во 1911 година. Еден од оние автомобили кои се натперваруваа имаа иста шасија како овој автомобил. Вториот автомобил е всушност подоцнежна шасија со пократко меѓуоскино растојание. Моделот D-50 е 7 литарски, 4-цилиндричен, 2-тактен мотор со три-брзински менувач, проценет на 50 коњски сили. Во 1910 година, името American Simplex беше променето во Amplex.

Напиши коментар