DB4-ката е спортска кола произведувана од Астон Мартин од 1958 до 1963 година. Уникатниот дизајн и перформанси на DB4 ќе бидат понатамошна основа за идните Астон Мартин класици како DB4 GT Zagato, Lagonda Rapide и замената за DB4- Aston Martin DB5.
Иако дизајнот и конструкциските техники биле Италијански, DB4 е првиот Астон Мартин произведен во фабриката на компанијата во Бакингхамшајр во Англија.
Овој автомобил има 3.7 литарски мотор, дизајнирар од Тадек Марек. На почетокот моторот беше склон кон прегрејување, но 240те коњски сили продуцирани од верзијата двоен-SU карбуратор ги натера купувачите да заборават на тој мал проблем.
На тестирањето од The Motor магазинот во 1960, овој автомобил имал максимална брзина од 224.2 km/h и забрвувал од нула до сто за 9.3 секунди. Просечната потрошувачка на гориво била 16 литри на 100 километри.