Motherhood

Автомобилот и бремените жени

Ако до почетокот на бременоста не сте размислувале да појдете некаде без автомобил, при појавата на двете линии најверојатно ќе размислите дали е тоа безбедно. Кога сте бремена не значи дека животот запира, само треба да внимавате на некои работи.

За почеток треба да се консултирате со лекар, ако бременоста оди нормално и нема опасност за бебето, тогаш загриженоста е апсолутно непотребна.

Важно а не само физичката, туку и психичката состојба на бремената. Треба добро да процени дали се чувствува удобно, бидејќи возењето всушност носи многу тензии. Често хормоналните промени доведуваат до менување на расположението и до состојба на рассеаност. Токму тоа е и причината што многу бремени жени кои возат, да не ги забележуваат семафорите, знаците и промените на патот. Ако бремената жена ги чувствува овие промени во себе не треба да седнува зад воланот. Не треба да реагира на провокациите на другите возачи и да ги игнорира гестовите и жестоките реплики, треба да вози мирно и самоуверено.

При возењето, безбедносниот ремен е задолжителен и е важно да се постави правилно. Едната лента треба да поминува пред градите а другата под стомакот.

При возењето препорачливо е да се носат практични и удобни обувки. Тие треба да се од природен материјал, да не ја стегаат ногата и да не бидат на високи потпетици.

Автомобилот иста така треба да биде во исправна состојба. Задолжителната годишна техничка контрола е само елементарна грижа за исправноста на возилото. Неопходен е преглед на системот за сопирање и на моторот.

Бремените жени треба да го избегнуваат долгото возење. Препорачливо е да запираат на пауза на секои 100 километри. Ако патуваат подолго задолжително да имаат со себе вода и нешто за јадење, бидејќи треба да се одржува нормалното количество гликоза во крвта за да може мозокот соодветно да функционира.

 

Напиши коментар