← НАЗАД НА БОЗА

Bentley SUV

Bentley SUV
978 Читања

Bentley веќе се длабоко навлезени во развојот на својот нов модел-луксузниот теренец под кодот BY736 кој би требало да се појави на пазарот во 2014, и чија цена се очекува да биде околу 200.000 ЕУР. Ова беше потврдено и од директорот на Bentley Wolfgang Dürheimer, човекот кој е заслужен за развојот на Porsche Cayen.

Овој модел би требало верно да го претставува својот бренд по прашање на луксузот и квалитетот, а ќе се заснова на новата MLB модуларна платформа на  VW ( на чијшто развој работел и самиот  Dürheimer ) и ќе дели голем број на компоненти со Q7 на Audi како и со останатите теренци на VW групацијата.

Голема новост е тоа дека овој Bentley би требало да добие и дизел мотор. Се работи секако за V12 TDI погонот. Во понудата ќе с енајде и 4.0 V8 bi-turbo и W12 bi-turbo бензински мотори, наменети за пазарите каде дизелите и не се најпопуларни. За еколошки освесвтените муштерии, Bentley планираат и хибридна верзија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk