Керозин

Buick Verano

Buick Verano 2012 е новиот копактен седан на оваа дивизија на General Motors. Verano е компактен седан кој се наоѓа една класа под Buick Regal. Повеќето елементи на ентериерот и екстериерот ги дели со познатата Astra 2010. Почетниот Verano модел ќе нуди 177 коњски сили во 2.4-литарски 4-цилиндричен мотор спарен со 6-степен автоматски менувач. Модел со турбо 2.0-литарски 4-цилиндричен мотор со избор на рачен или автоматски менувач е планиран за подоцна во 2012 година.

Сигурносните карактеристики вклучуваат ABS, контрола на влечење, систем против пролизгување, странични воздушни завеси, предни и задни воздушни перничиња. OnStar помош на GM е исто така вклучена. Дел од услугата вклучува апликација за паметни телефони која вклучува податоци за ниво на гориво во резервоарот, опсег на возење, притисок во гумите, километража и други дијагностички информации. Телефонот исто така ќе биде во можност да го заклучи и отклучи автомобилот, како и да го стартува од далечина. Меѓу достапните карактеристики се кожен тапацир, греење на предните седишта, греење на управувачот, и дво-зонска автоматска контрола на климата.

Напиши коментар