← НАЗАД НА БОЗА

Cadillac ELR

Cadillac ELR
902 Читања

2014 Cadillac ELR е верзија направена според електричниот концепт Chevrolet Volt. Генерал Моторс објави во јануари 2010 година дека елегантно, хај-тек купе ќе биде лансирано за продажба (најверојатно почнувајќи со продажба од 2012 година), но се откажа од проектот само два месеци подоцна, од аспект на загриженоста за можните перформанси на возилото и профитабилноста, како и расположливиот капацитет на фабриката. Но, повторно оживеаната пост-стечајна GM сега ги реши тие прашања и Cadillac го потврди концептот ELR во август 2011 година, една недела откако Џон Велкер ја објави приказната на веб-страната за извештаи за зелените автомобили. Иако датумот за продажба допрва треба да се објави, Voelcker цитира дека ELR ќе започне со продажба некаде во 2013-та година како модел за 2014 година. Иисто така, вели дека автомобилот ќе користи верзија на “генерација 1.5”  на Chevrolet Volt plug-in-хибриден мотор, кој GM го пласира под Voltec банерот.

Единствениот исклучок ќе биде погонот на предни тркала на генерацијата 1,5 Voltec, со што како што наведуваат изворите се очекува да се надогради денешниот Chevy Volt систем со поголеми електрични мотори или помоќни акумулатори или двете. Се вели дека промените ќе бидат имплементирани заради додадената тежина на луксузно опремениот ELR, со цел да се обезбедат убедливи перформанси со што Cadillac со сигурност ќе стане новиот предводник на брендот ГМ.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk